А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставен под контрола пожарот над Лисолај

by А1он23/08/2013 - 11:13206
Share0

Цела ноќ траеше борбата со големиот пожар кој го зафати ридот над Црнобуки и Лисолај, а кој како последица на ветерот се прошири и кон селото Лопатица простирајќи се на речиси шест рида, објави Канал 5.

Добивај вести на вибер

Откако во гаснењето на огнот се вклучија два хеликоптерa на АРМ, кои ја отстранија опасноста огнената стихија да стигне до првите куќи во селото Лисолај, пожарот е ставен под контрола, а 90 пожарникари, лица вработени во Македонски шуми, волонтери од противпожарното друштво Пегаз се на терен со цел да ја следат состојбата.

Вчера најголем проблем беше силниот ветер кој го прошири огнот и на боровата шума, но и на непристапен терен каде беше невозможно да се гаси со копнени сили. Поради ова изгореа над 100 хектари нискостеблеста шума. Пожарот започна од запалена сува трева во близина на месноста Црнобуки, но поради ширењето стигна и во близина на три истурени куќи во селото Лисолај што внесе паника кај месното население и ги остави локалните села под облаци од чад.

pozar

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто