Ставен под контрола пожарот кај Неготино

Од:

Ставен е под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино, што избувна попладнево, потврди неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– Среќа во несреќа е што неготинските пожарникари реагираа многу брзо и не дозволија поголеми штети. Во денешниот пожар беа зафатени пет хектари од боровата шума, појасни Стојанов.

И вчера на истата локација беснееше пожар, а го гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, но се дејствуваше и од воздух со авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.

Според ЦУК, пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста „Гоцева шума“ во Општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно беше реактивиран. На терен денеска интервенирала ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и пет противпожарни возила.

Според информациите од ЦУК, во пожарот вчера, беше зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати