Стартува изборниот молк, Македонија гласа во недела

Од:

Започнува изборниот молк во пресрет на вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, на 7 април во 29 општини и во Скопје, на 1.614 избирачки места. Право на глас имаат вкупно 1.103.175 гласачи.

На три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени ќе има повторување на гласањето од првиот круг.

Во текот на денешниот ден (сабота) на гласање ќе излезат затворениците, болните и изнемоштените и внатрешно раселените лица. Во вториот круг, право на глас во општините каде ќе се одржуваат изборите имаат 988 затвореници и 73 внатрешно раселени лица.

За да се намали бројот на забелешки од првиот изборен круг од домашните и странски набљудувачи, ДИК забрани да гласаат македонски државјани со пасош издаден од МВР, кои имаат адреса на живеење од странска држава. Исто така, на сила се поригорозни правила за гласање за одредени групи граѓани, а пред се за болните лица, кои согласно законот гласаат дома. Во првиот изборен круг, бројот на овие лица беше преку 13.000 што е најголема бројка пријавени болни за време на еден изборен процес.

ДИК со новите мерки сака да ја намали можноста за манипулација со овие гласови, за што беше изразен сомнеж од некои од набљудувачите во првиот изборен круг.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“