А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Старото градско јадро на Кратово заштитено со Закон

by А1он09/10/2014 - 17:3320/11/2015 - 12:30169
Share0

Старото градско јадро на Кратово, со Закон е прогласено за културно наследство од особено значење.

Добивај вести на вибер

Законот што на предлог на Министерството за култура, го донесе Собранието на Република Македонија ќе обезбеди правна рамка за постабилен и поодржлив континуитет во зачувувањето, проучувањето и ревитализацијата на македонското културно наследство.

– Со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење ќе се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина, како што се: идентификацијата на заштитеното добро, називот, категоријата, границите и контактната зона, режимот на заштита и управувањето на доброто, соопшти Министеството за култура.

Градот Кратово со своите историски, архитектонски, урбанистички, градителските, уметнички, етнолошки и социолошки карактеристики и вредности што ги поседува, се смета за еден од најзначајните споменици на културата на Република Македонија.

Инаку, ова е четврти Закон со кој една споменична целина во Република Македонија добива највисок степен на заштита. Во изминатиот период со посебни закони беа заштитени Старата скопска чаршија, градовите Охрид и Крушево, а во фаза на изработка е и предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

kratovo

Би можело да ве интересира

Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата

Горан Наумовски06/02/2025 - 15:37

Вештите лица тврдат: Обвинетата Илијевска била во афективна состојба, но афектот не ги надминал физиолошките граници и немал патолошка димензија

Горан Наумовски22/01/2025 - 15:02

Одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Горан Наумовски20/12/2024 - 11:40

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Горан Наумовски29/09/2024 - 11:49

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

Горан Наумовски14/09/2024 - 11:20

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски15/06/2024 - 13:4415/06/2024 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен