Стариот дел од Тетово без вода поради дефект во водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“

Од:

Стариот дел од Тетово, населбите Поток, Два бреста и Колтук втор ден се соочуваат со прекин во водоснабдувањето, кое е отежнато и во целиот град поради поголем дефект во водоводната мрежа на улицата Гоце Делчев. Според информациите од Јавното комунално претпријатие „Тетово“ дефектот е познат, но е потребно повеќе време за санација.

-Започнато е со работа во четвртокот, но мора да се продолжи и денес се до завршување на дефектот и негова поправка. Станува збор за цевка која нема поголем капацитет, но е проблематично што е од постарите и на длабочина од 2,5 метри. Поради дотраеноста при санирање на една пукнатина се јавува нова и затоа се оддолжува комплетното санирање на дефектот, информира Љуљзим Шаќири од работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

Во септември и октомври жителите на стариот дел од Тетово, особено населбата Колтук, се соочуваа со целодневни прекини во водоснабдувањето, за што беше утврдено дека има проблем со вентил на излез од стариот резервоар за вода. Од ЈКП информираат дека на почетокот на ноември беа променети проблематичните делови од вентилот.

Би можело да ве интересира

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски

39-годишен маж од Тетово е пронајден мртов со прострелна рана во главата