Стар Дојран без вода за пиење

Од:

Стар Дојран и околината од утрово останаa без вода за пиење поради монтирање на новиот систем за водоснабдување.

Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“ информираат дека граѓаните ќе немаат вода најдоцна до 17 часот до кога се очекува да заврши монтирањето на елементите на мерно регулационата опрема со што ќе се подобри квалитетот на испорака.

Со новата опрема се очекува да се елиминираат честите дефекти што се јавуваа во изминатиот период поради немање доволно вода на територијата на општината.
Целата реализација чини 220 илјади евра кои се обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Светската банка.

Би можело да ве интересира

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна