Станојевиќ: Таткото на децата од станот во „Скопјанка“ нема поднесено барање за предоверување

Од:

Таткото на двете деца кои живеат во станот во ТЦ „Скопјанка“ каде беа пронајдени искористените пелени, кои беа причина за евакуација на целата зграда, досега нема поднесено барање за предоверување на децата.

– По направениот увид во предметот констатирано е дека тој досега нема поднесено барање за предоверување на децата, односно за да биде старател на децата кога и двете биле малолетни. Ниту пак сега има активно барање за предоверување на малолетното дете. Барањето не се упатува во Центарот за социјална работа. Барањето се поднесува на суд, а потоа судот го испраќа кај нас, изјави денеска в.д. директорката на Центарот за социјална работа на Град Скопје Наташа Станојевиќ.

Таа додаде дека родителот треба барањето да го поднесе во судот, а не да пишува писмени известувања во Центарот. По секое добиено барање Центарот, како што рече, веднаш ќе постапи и ќе направи проценка каде ќе бидат доверени или предоверени децата.

– Единствено барање кое го имаат и предмет кој сега е пасивен е предметот кога била нивната бракоразводна постапка. Друг предмет не постои во Центарот за социјална работа, рече Станојевиќ. Додаде дека во иднина, во зависност од тоа какви постапки ќе побараат од нив, така ќе постапуваат, согласно Законот за социјална заштита.

Станојевиќ посочи дека во случајов има стара жена која е материјално и станбено обезбедена. Нејзината ќерка е должна да се грижи за неа. Таа веќе била на разговор и дадена и е потребната психо-социјална поддршка во однос на тоа како треба да постапи со мајката.

За бездомното лице кое беше констатирано дека се наоѓа во истата зграда и кое живее во подрумот, Станојевиќ рече дека тој е пензионер и упатен е да побара сместување во некој од пензионерските домови. Центарот тука нема надлежниост за постапување.

Таа ги потсети граѓаните дека имаат специјализиран тим и два дежурни телефонски броеви кои ги има на веб-страниците на МТСПП и на Центарот за социјална работа.

– Тимот постапува 24 часа, нека се јават, колегите веднаш ќе излезат на терен, рече Станојевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат