Стано: Договорот Влада-ЗНМ е одличен

Од:

Европската комисија повтори дека договорот за декриминализација на клеветата и навредата меѓу Владата и ЗНМ е одличен, но изразија загриженост за одземањето на дозволата на А2 телевизија.

Портпаролот на европскиот комесар за проширување Петер Стано, во врска со незадоволството на новинарите во Македонија од договорот меѓу Владата и ЗНМ, како и нападите од некои македонски новинари за ставот на Фуле, изјави дека всушност договорот е добра вест.

„Договорот за декриминализацијата на клеветата и навредата останува добра вест за нас, а нападите над Фуле не би сакал да ги коментирам поради тоа што се поради негов став изразен на социјалните мрежи на интернет“ , изјави Стано.

Комисијата според Стано е загрижена за одземањето на дозволата на А2, од страна на СРД, посочувајќи дека одличната вест за договорот, во ист ден, за жал, била поклопена со лоша вест за забраната за емитување програма на ТВ А2.

„Ние ќе следиме што понатаму ќе се случува со оваа телевизија, посебно што слободата на изразувањето и на медиумите е една од точките во високиот пристапен дијалог (ХЛАД)“, рече Стано.

 

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество