(ВИДЕО) Станковиќ: Колку чинат лагите на балканскиот деликвент Лубомир Магаш?

Од:

На почетокот на прес конференцијata, СДСМ презентираше видео од една епизода на реалното шоу “Прељубници“, каде се гледа, рекоа, новиот глумец на Груевски и ВМРО ДПМНЕ во друга главна улога.

„Јавноста има право да чуе лично од Груевски одговори барем на две прашања:

Прво, колку пари чинат лагите и клеветите во новата улога која ВМРО ДПМНЕ му ја додели на балканскиот деликвент Лубомир Магаш?

Второ, бидејќи ВМРО ДПМНЕ тврди дека наводниот криминал денес е застарен, нека објасни зошто во периодот од 1998-2002, кога сигурно немало застареност, министерот за финансии Никола Груевски, под кого биле и Царината и УЈП, не превземал ништо за да го расчисти овој наводен шверц?“, рече Емилија Станковиќ.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ, рече, ние не трошиме време за режирани интервјуа, туку се занимаваме со конкретни факти.

„Ние бараме од Груевски да се справува со вистинскиот криминал и корупција. Бараме како најповикан во државата да постапи по јавно изнесените обвинувања на сопственикот на бензинските пумпи “Макоил“.Овој бизнисмен кој важи за многу близок на ВМРО ДПМНЕ, во интервју за неделникот “Фокус“, објавено на 31 август призна дека му барале и земале мито за да може непречено да се занимава со нафтениот бизнис и за тоа посочува конкретно неколку државни институции.Мите Јовановски не е глумец во некое “реално шоу’, туку човекот на кој во изминативе шест години му беше овозможено да купи неколку атрактивни локации во центарот на Скопје, како што се катните гаражи кај Собрание, кај Универзитетска библиотека, кај Народна Банка и други.Поминаа веќе десет дена а се уште не чувме кога Груевски ќе ги превземе неопходните мерки за да утврди кој во државните институции му земал или му барал мито на бизнисменот Мите Јовановски за да тој може да се занимава со нафтен бизнис.“, рече Станковиќ

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он