Станковиќ: Аферата „20 години независност на МТВ“, иста како аферата ФИМИ медиа на Санадер

Од:

„Дали милион и 230 илјади евра на МТВ се потрошени за 20 епизоди, како што се тврдеше на почетокот, или пак на 110 документарни филмови, како што се смени ставот“, праша Емилијан Станковиќ.

Според него фрапантни се и контрадикторни податоците во Финансискиот извештај на МРТВ, но нема реална слика како и колку точно пари се потрошени од граѓаните.

Наброја: 170 илјади евра добила фирмата „Револушн“, блиска до екс директорот Ефтим Гаштов, за чија работа има негативен ревизорски извештај, 120 илјади евра за „Контрабанда“, која ги продуцира и „Еднооки“, за како рече, неизбежната „Република“, одвоени се 300 илјади евра. Другите агенции, посочи СДСМ, блиски до власта се офајдиле од проектот со суми од 70 до 100 илјади евра.

„ Аферата со МТВ и документарците е како аферата со ФИМИ медиа, за која кривично одговара екс хрватскиот премиер Иво Санадер, рече Станковиќ.

МРТВ , посочи пратеникот од СДСМ, ја има најголемата архива и ризница, и затоа е злосторство да се даде на приватни продукции за да се користи за партиски цели. Праша дали зголемувањето на РТВ таксата е начин да се покрие дупката на ВМРО од 3, 5 милиони евра за изборите и кој дозволи и како е можно „Томато продукција“ да врши пренос на сигналот за Струшките вечери на поезијата и на Шарпланинскиот куп.

„Откачете се од мојата личност, јас сум претседател на Советот, извлекувате изјави надвор од контекстот, како ви одговара.Бројките за епизодите немаат врска со книговодството. Има во државата надлежни за истраага, кусо реплицираше претседтлот на Советот на МТВ, Слободан Чашуле.

За Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, дискусијата на Станковиќ само го покажува негаторскиот однос на неговата партија кон прославата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници