Стаменковска: ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува на обидите да се релативизира педофилијата

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека очекува осуда околу изјавите за педофилија.

„СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите.

Јавноста е згрозена од основната цел и теза на натписот „Во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“.

Не осудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од страна СДС значи прифаќање на ваквите ставови.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден чекор кој ќе значи намалување на казните за педофилија. Ваквиот став мора да се осуди.

Осуда и потврда за ставот околу казнивоста на педофилијата очекуваме и од останатите политички и општествени субјекти во Република Македонија.

СДС како политичка партија која ја води Владата на Република Македонија, мора да се дистанцира од ваквите ставови на Шиндре и неговите поддржувачи од „шарената револуција“ Кочо Андоновски, Румена Бужаровска, Ирена Цветковиќ, но и новинарка Билјана Секуловска.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува на обидите да се релативизира педофилијата и да се омекне законската санкција за истата.

Педофилијата е опасност за општеството, го загрозува животот и безбедноста на децата, но и на сите нас. Истата има несогледливи последици за понатамошниот раст и развој на децата жртви на истата. Педофилите се зло кое државата е должна да го сузбие, за таа цел Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состави регистар на педофили со што и овозможи на јавноста да се информира за лицата кои претставуваат опасност за нашите деца.

Децата, семејството и семејните вредности мора да бидат заштитени од нападот на неморалот.

Уште еднаш го повикуваме Алаѓозоски јавно да ги осуди ваквите ставови и во иднина како министер за култура на Република Македонија да учествува и да поддржува настани кои одат во прилог на поголема културна едукација и развој на граѓаните, а не настани на кои како говорници се јавуваат луѓе со искривени морални сфаќања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ