Стаменковска: Советот за судски реформи на Заев целосно ќе го покори правниот систем

Од:

Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови „Катици“, слепи послушници на неговите нарачки, ќе го ослободат од вина за тешките криминали кои ги сторил, а ќе ги гонат без доказ и факти неговите неистомисленици, обвини денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Покрај лустрираниот Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби, во овој совет Заев ја постави и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер, рече Стаменковска.

Според неа, во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата. Овој совет на СДСМ, вели Стаменковска, има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонат на Зоран Заев за да можат тој и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он