Стаменковска: СДСМ започна со партизација на цела Македонија

Од:

Невенка Стаменковска, денеска во изјава за медиуми кажа дека СДСМ започнале со партизација на цела Македонија.

– Заев се колнеше дека нема да ја партизира администрацијата, а како прв човек на агенцијата за администрација назначи не само партиски човек, туку и член на извршниот одбор на СДС. Спасе Глигоров се обиде да сее магла и со поднесената оставка од партиските функции да ги убеди граѓаните дека не бил човек на партијата. На седницата на Влада оддржана на 27.06.2017 година Спасе Глигоров беше даден како предлог за директор на Агенцијата за Администрација. Тие донесувајќи го овој предлог ветуваа односно утврдија дека Спасе Глигоров ги исполнува сите криеруми кои што се дадени за назначување на директор на Агенцијата за Администрација, меѓутоа Спасе Глигоров меѓу кои и изјавата дека тој не е висок партиски функционер во самата СДС. Но Спасе Глигоров дури на 30.06.2017 година со изјава на Нотар се откажал од вршењето на својата партиска функција. Ова е навредливо потценување на интелигенцијата на јавноста која многу добро следи и знае што се случува, изјави Стаменковска.

Таа додаде дека вакви сеачи на магла јавноста препознала и во одработувачите и профитерите од екс-невладиниот сектор кои што влегле во владата, како што рече таа, дури и побргу од кадарот на СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА.

– Повеќе од 9 милиони денари секоја година е висината на платите на годишно ниво само за последните 13 советници на Заев вработени во еден конкурс. Оваа сума е неколку пати повисока кога ќе се пребројат сите вработувања на соросоидите кои дивееа по улиците лажејќи дека биле коректив на власта, а целта им беше да седнат по фотелји на државна сметка – и тоа денес им е јасно како ден. Заев овие одработувачи и профитери ги награди за нивната манипулаторска и вандалска улога во општеството. Невладиниот сектор кој беше приватизиран од СДС, сега отиде под стечај и ќе биде ликвидиран, а сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните со десетици милиони денари годишно плата за насилните демонстранти кои некогаш се претставуваа како граѓански активист, рече Стаменковска.

Таа додаде дека овие пари наместо да се искористеле за пониски цени на лекови, нови спортски сали, игралишта и градинки ќе се користеле за плаќање на фактурите на Заев кон, како што ги нарече, предизборните профитери кои слугувале на неговиот интерес.

– Ваквите вработувања по методот „Од чистачка до министер“ на Заев, метод кој како евангелист насекаде каде оди го шири Курто Дудуш, се ништо повеќе од најгруб и веќе виден обид на СДС да ја партизира и приватизира државата. Казната за ваквите партиски вработувања доаѓа редовно, а СДС ќе ја искуси веќе на првите наредни избори, заврши Стаменковска.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски