А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стаменковска: Рашковски и Заев не може да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта

by А1он02/10/2017 - 10:5202/10/2017 - 10:56193
Share0

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Заев декларативно кажал дека одговорност мора да има и го повика да го разреши генералниот секретар на владата, кој го прекршил законот за спречување на судир на интереси.

Добивај вести на вибер

– Рашкоски како Генерален секретар на владата се самопрогласи за член на собранието на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра. Не е само неморално туку и е незаконско неговото однесување. согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, рече Стаменковска.

Таа додаде дека Рашковски заедно со неговата баба, Елена Начевска која била именувана во второстепената владина комисија и неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ треба да ги вратат народните пари кои ги земале по основ на плати и хонорари од буџетот на Република Македонија.

– Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта. Ова нема да трае долго. СДС нема да биде долго на власт. Потребна е оставка сега и веднаш. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка казна на 15-ти октомври испорачана од граѓаните на Република Македонија, изјави Стаменковска.

stamenkovskavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:03

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

Горан Наумовски18/12/2025 - 14:54

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

Горан Наумовски17/12/2025 - 20:04

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски17/12/2025 - 18:2217/12/2025 - 18:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен