Стаменковска: Не смее од работа да се бркаат квалитетни луѓе затоа што биле неистомисленици на Заев

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека Зоран Заев започнал со реализација на планот да ја направи својата партија држава, а државата своја партија.

– Вработувањето на партиски војници и послушници не запира. Нови 13 советници од вчера се на списокот на извршители на Заев и СДС и ќе бидат плаќани со народни пари. Кои се овие луѓе и по кој основ се вработени во Владата на Република Македонија? Дали е точно дека меѓу нив има и лица кои биле гонети за кривични дела и во Македонија и во Германија? Дали е точно дека Заев и СДС вработуваат лица кои биле гонети поради тоа што кај нив биле пронајдени психотропни дроги? – запраша Стаменковска.

Според неа, народот не смеел да биде доведен во ситуација од неговите пари да се плаќале извршители, војници и послушници на Заев кои биле дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.

– Не смее од работа да се бркаат квалитетни луѓе само затоа што биле неистомисленици со Заев и СДС, а на нивно место да се вработуваат партиски послушници, криминалци со психотропни дроги и улични војници на СДС по принципот „од чистачка до директор“, како што Заев призна дека планира да владее. Не смее да се спроведуваат чистки за сите кои имаат само една лична карта и за кои членската од СДС никогаш не може да биде втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС, Курто Дудуш, рече Стаменковска.

Како што кажа таа, срамно било 1.500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија да бидат сменети во една секунда, со што СДСМ и Заев ги парализирале сите правни субјекти, а на нивно место ги поставиле уличните платеници и профетери.

– Сите овие дилетантски акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно. Најмалку толку чини приватизацијата на државата по планот на СДС за партиски вработувања на војници и послушници. Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец ипол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот многу бргу ќе го почувствува, заврши Стаменковска.

Би можело да ве интересира

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти