• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Стаменковска: Македонија нема можност и капацитет да згрижува мигранти

by А1он09/09/2017 - 13:29110
Share0

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека ДИК има обврска да постапи согласно законот со кој е гарантирано референдумско изјаснување на граѓаните за работите кои директно ги допираат нивните интереси и дека не смее во никој случај да го попречува одржувањето на локалните референдуми кои граѓаните побарале да се одржат против изградбата на мигрантски кампови.

Добивај вести на вибер

– Истовремено го повикуваме СДС да не врши протисок врз ДИК во врска со организирањето на локалните референдуми. СДС не смее да го попречува организирањето на референдуми само за да го оствари својот план Македонија да ја направи еден голем бегалски камп. ДИК е формирана и платена од граѓаните на Република Македонија за да го гарантира правото на слободно изјаснување. ДИК е институција која е должна да ги штити интересите на граѓаните на Република Македонија на тој начин што ќе им овозможи непостредно да се изјаснат дали сакаат мигрантски населби во нивната општина. Референдумското изјаснување на граѓаните е највисок облик на непосредна демократија, во кој секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање, рече Стаменковска.

Таа додаде дека очигледно владата на СДСМ повеќе ја интересирале мигрантите отколку граѓаните на Македонија и дека планирале да населат повеќе илјади мигранти и да им овозможат социјална помош, право на стан и работно место со што ќе се разнишала македонската економија, но и образование, здравствен и социјален систем.

– Македонија е држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, со многу нерешени проблеми, владата на СДС наместо да мислат како и со што да им го подобрат животот на граѓаните, тие се одлучија од државата да направат еден огромен камп за мигранти, со изградба на станови во скоро секоја општина. Во такви услови на владата на СДС не и се приоритет граѓаните на Република Македонија. Ова е многу значано прашање и за идните генерации и владата на СДС и ДИК мораат да им овозможат на граѓаните на Република Македонија непосредно да се изјаснат, рече Стаменковска.

Таа додаде дека СДСМ наместо да се грижи за граѓаните, се грижеле за мигрантите кои Македонија нема реална можност и капацитет да ги згрижи и поради тоа граѓаните ќе го казнеле СДСМ на престојните локални избори.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен