Стаменковска: Го повикуваме Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците

Од:

Невенка Стаменковска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција кажа дека однесувањето на СДСМ кулминирало со обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

– СДС и невладините организации под контрола на Сорос три години организирано шират хистерија која треба да резултира со крв и насилство. Впрочем на пролевање крв по улици, повикуваше и еден од министрите во новата Влада, во стилот на Зоран Заев кој најави дека ќе се пука, рече Стаменовска.

Таа кажа дека однесувањето на СДСМ провоцирало конфликти, а како пример го наведе изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, што според неа, испровоцирало сериозни конфликти.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира пренесувањето на предметите поврзани со 27-ми април од Основното јавно обвинителство во Обвинителството за гонење на организиран криминал, но нема да одмолчи политички мотивирано и непринципиелно постапување. ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност, кажа Стаменковска.

Таа рече дека обидите на СДСМ да имплицира одговорност на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ било само политичка пресметка, обид за манипулација и обид за прикривање на одговорноста за политичкото насилство кое што довело до физичко насилство.

– СДС има намера наместо правна разрешница, целиот случај да го користи за креирање на политички случај каде не се важни аргументите, правото и правдата. Лудилото стимулирано од СДС и Заев во кое се оцрнуваат невини луѓе, се прават хајки и се врши линч мора да престане. Градењето на таква перцепција нема да ги амнестира од одговорност за нивните криминали кои не застаруваат, заврши Стаменковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он