• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Стабилизирана состојбата со поплавите

by А1он06/05/2014 - 11:45129
Share0

Состојбата со поплавите на територијата на Република Македонија е стабилизирана. Врнежите во изминатите денови не предизвикаа сериозни последици, односно со излевање на некои реки и водотеци поплавени беа само земјоделски површини во североисточниот дел на земјава, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Добивај вести на вибер

Од Дирекцијата информираат дека реката Кумановка која се излеа кај селото Доброшане и Крива Река кај селото Довезенце кои поплавија земјоделски површини, во изминатото деноноќие се повлечени и вратени во своите корита, со што и водата од земјоделските површини постепено се повлекува.

Од ДЗС очекуват во наредните денови целосно повлекување на водата и намалување на нивото на реките со оглед на подобрувањето на временските прилики. Синоптичарите за наредните денови најавуваат  затоплување и сончеви денови.

Во Кривопаланечко нема никакви опасност од излевање на некоја река, во Радовишко нивото на реките и водотеците е намалено и нема опасност од излевање и поплавување, во Штип состојбата е стабилна, во Пробиштип дотекот на водите на речните корита е во рамки на дозволеното. Висината на водостојнот на хидроакумулацијата Кнежево е намалена. Се работи на санирање на настанатите последици од излевањето на реките на критичните места со зајакнување на заштитните појаси и расчистување на наносите од земја.

Агрегатите обезбедени од Дирекцијата продолжуваат со исцрпување на водата од јамските простории на рудникот Добрево и се очекува до среда да се исцрпи целата вода и рудникот од наредната недела да почне со работа.

Во општина Конче опаднато е нивото на реките и водотеците. Во општина Чешиново-Облешево две градежни машини на ДЗС продолжуваат да го чистат коритото на Злетовска Река. Водата од поплавените оризови полиња се повлекува. ДЗС очекува до крајот на денот целосно да се повлече. Повторна опасност засега нема.

Подрачните одделенија на ДЗС состојбата ја следат и доколку има потреба ќе интервенираат.

poplava

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

Горан Наумовски11/01/2026 - 10:24

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:19

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он07/01/2026 - 15:53

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Предраг Петровиќ28/11/2025 - 19:20

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен