А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ задоволен што работниците ќе бираат кога ќе се пензионираат

by А1он23/07/2014 - 14:46230
Share0

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е задоволен и од решението со кое се предлага на работниците кои работат со авторски договор или договор на дела да им се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување и ги поддржува измените на Законот за работни односи со кои на работниците им се дава право на избор дали ќе се пензионираат како досега или ќе го продолжат работниот век за една, две или три години, изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Добивај вести на вибер

– Ќе има повеќеслојна корист за сите, односно и за работниците и за работодавачите и за државата со оглед на тоа што ќе се елиминираат повеќе празнини кои се јавуваа, пред се на работа да останат висококвалификувани кадри со кои понекогаш се соочуваа одредени работодавачи, додека за работниците измените ќе озвозможат дополнително продолжување на работниот век кај оние категории кои сметаа дека со ова ќе обезбедат дополнителна социјална и материјална егзистенција, рече Митревски.

Според него, измените на законот за работни односи се поволно за сите и овозможува секој работник да процени кога ќе оди во пензија.

– Очекуваме во гранките како што се текстилниот и градежниот сектор работниците да го искористат своето право и побрзо да заминат во пензија, додека кај одредени гранки каде што има дефицит работниците да го продолжат работниот век – рече Митревски.

Со новите измени на Законот за работни односи, мажите ќе можат да одлучат дали ќе одат во пензија на 64, 65, 66 или 67 години старост, додека жените ќе можат да изберат дали да одат во пензија на 62, 63, 64 или 65 годишна возраст. Работникот до 31 август во тековната година ќе треба писмено да се изјасни дали го продолжува работниот век за наредната година.

ssm

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски02/03/2026 - 14:1302/03/2026 - 14:16

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:1717/02/2026 - 13:51

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:04

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он14/02/2026 - 11:4514/02/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен