А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ: Укинувањето на придонесите за хонорарците е логична последица

by А1он30/07/2015 - 15:28187
Share0

Со оглед на направените проценки, дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање нови работни места, оценето е дека ефектите од Законот за хонорарците може да се постигнат и со други мерки па оттаму и неговото повлекување е логична последица на анализите.

Добивај вести на вибер

Ова е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по вчерашната владина одлука, придонесите за хонорарците да се укинат од 1 август 2015 година.

– Нашиот став е јасен, бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување повеќе вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено работно време одат во прилог на остварување на нашите стратегиски цели, велат од ССМ.

ССМ во рамки на своите програмски цели посебно се фокусира да обезбеди можности за вклучување на работниците во системот на социјално и пензиско осигурување.

– Тоа беше и причината при донесувањето на Законот да се бараат и бенефитите од оваа мерка иако во старт и на Економско-социјален совет баравме посебни модалитети за ефектите и друг пристап за одредени категории на хонорарни работници и работници со договор за дело, нагласуваат од ССМ.

За ССМ останува определбата и натаму да се изнаоѓаат начини за нови работни места, за трансформација на волонтерските договори и за договори на дело во редовен работен однос со платени придонеси.

ssm

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски02/03/2026 - 14:1302/03/2026 - 14:16

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:1717/02/2026 - 13:51

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:04

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он14/02/2026 - 11:4514/02/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен