ССМ: Седум слободни денови за работниците од поплавените подрачја

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.

Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.

Ваквата измена на Општиот колективен договор, како што појаснува Синдикатот, е направена имајќи ги предвид последиците од елементарната непогода која ја погоди Македонија во саботата. 

– Со ваквите измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ССМ и ОРМ, како најрепрезентативни социјални партнери од приватниот сектор, изразија подготвеност да помогнат во справување со последиците од елементарните непогоди, се наведува во соопштението од ССМ.

За спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од  областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

А1он

ССМ: Функционер со 2.500 му кажува на работник со 400 евра плата како добро се живее, за да не аздиса

А1он

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Горан Наумовски

Трендафилов: Да не замајуваат со кошнички, туку да ги зголемат платите

ССМ утре ќе бара 500 евра минимална плата и 6.000 денари зголемување на сите плати

А1он

Синдикалната минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

Горан Наумовски