ССМ: Разрешениот претседател Митревски незаконски свикува седници на Советот

Од:

Разрешениот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски продолжува со самоволието и злоупотребите, користејќи ги злоупотребите на службената должност на Јавното обвинителство и Централниот регистар со неизвршувањето на упис на промената на новоизбраниот В.Д. Претседател охрабрен од фактот што го внесе Сојузот во правен лавиринт, не престанува да го разнебитува, реагира в.д. претседателот, Дарко Димовски.

„После три месеци блокада на работата на органите на Сојузот на синдикатите на Македонија, иако разрешен и нелегитимен, тој вчера одржа седница на Претседателството на која учествуваа само дел од членовите и донел одлука за суспендирање на четири синдикати. За утре закажал седница и на Советот на ССМ, на која ќе го измени и Статутот со што целосно ќе го блокира функционирањето на ССМ. Само за илустрација, суспендирани се четирите синдикати-иницијатори за негова смена кои претставуваат скоро половина членство од вкупниот број членови на синдикатите во ССМ и се меѓу најбројните по членство синдикати“, пишува Димовски во соопштението.

Тој вели дека Митревски без оглед на тоа што сите негови одлуки се нестатутарни, тој ги злоупотребува членовите на Претседателството и на Советот со закани, уцени и притисоци преку нивните работодавачи, што според него е апсурд.

„Под негово водство, со ССМ раководат политичка партија и работодавачите. Тоа е вистината за Сојузот на синдикатите на Македонија“, соопштува Димовски кој ги повикува сите медиуми да известуваат од седницата на Соцетот на ССМ закажана од Митревски со цел, како што вели, јавноста да ја види злоупотребата и лакрдијата на Живко Митревски.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори