ССМ најавува кампања за мобилизирање ново членство

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го прослави Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, со почнување кампања за организирање и мобилизирање ново членство.

Како што најавува во денешниот Првомајски проглас, кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права
ССМ, стои во Прогласот, и оваа година ќе бара вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места спроведување индустриска демократија, унапредување на информирањето и конслутирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемни плати, економска и родова еднаквост и обезбедување на збогатени социјални права и стандарди за сите работници.
– И оваа година ќе бараме од сите социјални партнери збогатување на социјалниот дијалог, унапредување на колективното преговарање преку зајакнување на институционалната рамка во Законот за работните односи, како и потпишување и имплементирање протокол за социјален напредок, се наведува во Прогласот.

Сојузот на синдикатите на Македонија им го честита празникот на сите работници и граѓани на Република Македонија во името на, како што наведува, историската традиција и борба за обезбедување социјална правда и индустриска демократија, повикувајќи се на потребата од се поголема социјална инклузија, еднаквост, рамноправност, политичка, етничка, верска и национална толеранција, економски раст и развој на работничките права.
– Први мај е ден кога ја славиме историската борба на работниците за подобри работнички права, посигурни работни места, подобра и посигурна социјална и економска положба на нив и нивните семејства, пишува ССМ во Првомајскиот проглас.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он