ССМ на Димовски: Живко Митревски со 40 рекетари насилно упаднаа во зградата на ССМ

Од:

Во 4 и пол часот утрово, Живко Митревски со 40 рекетари со хебла ја откорнале вратата на Синдикатот и насилнички влегле во зградата.

Повредени се неколку работници и В.Д. Претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Еве што стои во соопштението потпишано од Димовски:

Вчерa Министерството за труд и социјална политика лиферуваше соопштение според кое Заменик министерот, наводно донел решение со кое љубимецот и привезок на власта Живко Митревски, по нарачка, повторно го устоличи за претседател на ССМ.

Охрабрен од ваквиот чин и поддршка од власта, денес во утринските часови Живко Митревски со група од 40-тина рекетари, насилнички упадна во зградата на ССМ исфрлајќи ги работниците кои ја бранеа од неговото самовластие и криминали и со умисла повредија дел од работниците меѓу кои и В.Д. Претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Со тоа власта и рекетарите му овозможија на Живко Митревски несметано да ја резлизира својата болна идеја, да се ослободи од синдикатите кои му даваат отпор. Како што самиот најави, тој денеска ќе ја реализира својата замисла и на најбрутален начин, нема да ги исели, туку насилно ќе ги исфрли стварите и архивите на овие Синдикати.

Очигледното невладеење на правото и не фукнционирањето на институциите, Централниот регистар, Јавното обвинителство и Управниот суд доведоа до ескалација на насилството и потврда дека во Р. Македонија институциите ги заменуваат мафијашко – криминални групации. Со тоа дефинитивно е ставен печат дека ССМ и имотот е во приватна сопственост на Живко Митревски. Затоа тој целиот изминат период не бираше и натаму нема да бира средства како да го оствари тоа и покажа дека неговите главни интереси се моќ, пари и власт. Во таа насока тој никогаш нема да прекине да биде послушник на власта и со тоа никогаш ниту бил ниту ќе биде претставник на работниците.

Членството и до сега знаеше за чии интереси работи Митревски, а сега и на севкупната јавност и стана јасно како функционира тимот мафија – власт – Митревски. Меморандумот за соработка што Митревски го потпиша со ВМРО ДПМНЕ му ја гарантираше ваквата разрешница против оние кои ниту мислат, ниту прават како него.

Синдикатите кои и досега се бореа против криминалите на Живко Митревски и покрај тоа што знаат дека сме заробена држава и имаме заробен ССМ, нема да се откажат од институционалната борба и отпор против самоволието на Живко Митревски. Затоа ги повикуваме членовите на синдикатите, работниците и граѓаните кои се подготвени да ни дадат поддршка, во понеделник да дојдат пред зградата на ССМ и дефинитивно да му кажат ЗБОГУМ на Митревски, да му покажат дека местото му е надвор од ССМ и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот.

Сојуз на синдикати на Македонија
ВД Претседател
М-р Дарко Димовски

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори