А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Српскиот претседател денеска и утре во Скопје во рамки на Економскиот форум за регионална соработка

by А1он28/07/2021 - 08:57241
Share0

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска и утре е во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама, во рамки на иницијативата за соработка позната како „мини Шенген“.

Следете a1on на Instagram Instagram

За време на престојот во Скопје, Вучиќ ќе учествува со премиерите Заев и Рама на Економскиот форум за регионална соработка организиран од Стопанските комори на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија. Вучиќ минатата недела соопшти дека на регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“, дека ќе бидат потпишани три договори и дека на граничните премини ќе се направат „брзи ленти“ за побрзо поминување на луѓето од регионот.

„Работевме на три документи и верувам дека ќе ги потпишеме во Скопје, тие се важни документи за трговија, работни дозволи и заемна поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи“, изјави Вучиќ.

Скопскиот форум за регионална соработка на Западен Балкан ќе обедини компании од Србија, Албанија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и други регионални и европски економии, како и претставници на влади, финансиски институции, универзитети и меѓународни делегации и здруженија. Меѓу 300 и 400 учесници се очекува да имаат билатерални Б2Б состаноци.

Следете a1on на Youtube YouTube

Повеќето компании доаѓаат од градежништвото, земјоделско-прехранбениот сектор, енергетиката, машинеријата, автомобилската и текстилната индустрија, туризмот, ИКТ и телекомуникациите, транспортот и логистиката …

Според Развојната агенција на Србија, Вучиќ, Рама и Заев ќе претстават политичка и економска визија на интегриран регион. Планирани се и бројни средби на бизнисмени од регионот, кои ќе се одржат по официјалниот дел на Форумот.

Ќе учествуваат речиси 400 компании од регионот. Повеќето од нив, над 200, аплицирале од Србија, потоа повеќе од 100 од Северна Македонија, од Албанија околу 40, од ​​БиХ десетина и помал број или по една компанија од Австрија, Тајван, Израел, Полска, Романија, Бугарија, Франција и Грција.

srbija

Би можело да ве интересира

Српски војник загина во Либан

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 10:47

Вучиќ се одмаздува за враќањето на неговата „гарда“, од вчера ниту еден Црногорец не е пуштен во Србија, пишуваат црногорските медиуми

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 08:40

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

(ВИДЕО) Историски сцени од Белград: Километарски колони верници чекаат да се поклонат на појасот на Пресвета Богородица

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 21:4302/06/2026 - 21:49

Страотно врсничко насилство во Србија, девојче избодено во гениталиите со виљушка

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 11:19

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он28/05/2026 - 18:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто