Српскиот музичар Ѓорѓе Давид повреден во сообраќајката кај Табановце во која има една жртва

Од:

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, бил дел од сообраќајната несреќа синоќа на граничниот премин Куманово – Табановце. Во сообраќајката учествуваа три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени.

МВР информираше дека Ѓорѓе Давид ушравувал едно од возилата, а со повредеи е пренесен во куановската болница

– На 20.01.2024 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, на околу 2 км пред граничниот премин, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б.Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски