Српската напредна странка го обвинува СДСМ за партиски реваншизам

Од:

Српската напредна странка (СНС) на денешната прес-конференција информира дека нејзини членови, вработени во јавните претпријатија во општината се изложени на мобинг и политички реваншизам.

– Ваквото однесување кон сите неистомисленици на СДСМ, освен од актуелниот градоначалник, веројатно е поддржано и од централните структури на партијата, па се врши интензивен притисок и деградирање на припадниците на СНС, рече портапролот на СНС од Куманово Наташа Ивановска.

Според неа, нивниот партиски колега, вработен во ЈП „Чистота и Зеленило“, Слаѓан Јовановиќ, по изборите е прераспределн на работно место со помала плата и бодови.

СНС најави дека за ваквиот однос кон нивните сопартијци известени ќе бидат меѓународните организации за човекови права и слободи.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Петрушевски негира дека нивниот вработен не е подложен ниту на мобинг, ниту на политички реваншизам.

– Вработениот е прераспределен на место согласно систематизацијата за работни места на претпријатието. Тој и претходно работеше на работно место со средна стручна спрема и сега е распределен на место со средна стручна спрема. Не се работи за никаква политичка пресметка и мобинг, туку за прераспределба на работно место согласно законските норми и систематизацијата согласно потребите на претпријатието, изјави директорот на ЈП “Чистота и Зеленило”,Сашо Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Драгиша Милетиќ се „збогувал“ со СНС?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Милетиќ: СДСМ да не се грижи, печатот од партијата е кај мене, не е кај Стевчо Јакимовски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Милетиќ „персона нон грата“ – Ване Величковиќ нов претседател на СНС

Емир Латифовиќ

Милетиќ: Уништувањето на мојот автомобилот е закана за мене и за демократијата

Ана Ололовска

Кандидатот за градоначалник од СНС, Божичковиќ, вети економски развој на општина Куманово

Ана Ололовска

Милетиќ ќе го врати мандатот, Величковски непрецизен

Ана Ололовска