Средствата наменети за новогодишна декорација на Кичево пренаменети за социјални семејства

Од:

Општина Кичево годинава средствата за декорација на градот по повод новогодишните празници ги пренамени за хуманитарна помош за социјално загрозени семејства од градот и околните места.

Екипа од општина Кичево хуманитарните пакети ги подели во регионот на Зајас, Осломеј, Вранештица, Другово, како и во неколку населби низ градот.

– Хуманитарната помош беше наменета претежно за семејствата кои имаа потешкотии во снабдувањето со храна и хигиенски средства. Акцијата беше планирана и се реализира од средствата кои беа заштедени со откажувањето на предновогодишното декорирање на градот, рече Емин Насуфи, портпарол на општина Кичево.

Тој додаде дека освен пакетите со прехранбени средства на социјално загрозени семејствата им беа поделени и парични средства.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски