Средношколци презентираа како го замислуваат реформираното образование

Од:

Група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ денеска на министерката за образование и наука Мила Царовска ѝ презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование.

– Станува збор за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“, во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Министерство за образование и наука.

Министерката Царовска на состанокот рече дека во процесот на создавањето на новиот концепт на средното образование добредојдени се сите иницијативи и идеи од учениците, наставниците и родителите, бидејќи новиот модел на образование треба да ги научи учениците критички да размислуваат и да носат одлуки врз основа на анализа и факти.

– Го менуваме образованието на подобро, а нашите клучни партнери се учениците, наставниците и родителите. Сите заеднички ќе работиме на создавање на најдобриот модел кој што ќе го имплементираме, рече Царовска.

Како што информира МОН, концептот што го нудат средношколците предвидува задолжителни и изборни предмети, дигитализација на евиденцијата за отсуства и темелни промени во начинот на евалуација на знаењето на учениците.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on