Средношколци од Полошкиот регион проследија предавања за безбедност во сообраќајот

Од:

Во првиот дел од двата превентивно-едукативните проекти „Безбедно управување со мопед“ и „Не седнувај зад волан без положен возачки испит“ предавања слушнале 2.556 средношколци од прва година од Полошкиот регион. Проектите ги спроведуваше Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со тетовската и гостиварската локална самоуправа.

Од СВР Тетово информираа дека во оваа фаза од проектот одржани се посебни предавања со кои биле опфатени 119 паралелки кои следат настава на македонски, албански и турски јазик од 13 средни училишта (седум во тетовскта и шест во гостиварската општина).

– На предавањата, стручно обучени полициски службеници ги запознале учениците како најбезбедно да управуваат мопеди и што се треба да поседуваат како заштитна опрема. Притоа и ги информирале што поконкретно е предвидено во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а се однесува на управувањето моторцикли, вели портпаролот на СВ Тетово Марјан Јосифоски.

На предавањата, учениците добиле и информации и проблемите кои можат да настанат при управување навозило без положен возачки испит и кој е ризикот за оние кои седнуваат зад волан без да поседуваат возачки дозволи.

Инаку, сообраќајните поуки кои се составен дел од проектите сé уште се во тек, како и локалните акциски контроли кои со зголемен интензитет ќе продолжат и во летните месеци, нагласуваат од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски