Средби на премиерот Заев со премиерот Ратас и премиерот Мишел: Лидерството и реформски определената Влада ја донесе неусловената препорака

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска, во придружба на Заменик претседателот на Владата на РМ за европски прашања Бујар Османи и на Министерот за надворешни работи Никола Димитров, непосредно пред почетокот на официјалниот работен ден на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија, се сретна со Премиерот на Република Естонија Јури Ратас и со Премиерот на Кралството Белгија Шарл Мишел.

На средбата меѓу Премиерот Заев и Премиерот на Естонија Ратас беше изразено задоволство од односите меѓу двете земји, и подготвеност да се создадат услови за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво за зајаканување на билатералните односи.

Премиерот Заев ги истакна искуствата на Естонија во однос на дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните, и изрази надеж дека Естонија ќе помогне овие искуства да се применат и во дигитализацијата на работата на јавната администрација во Република Македонија.

На средбата со Премиерот на Кралството Белгија Шарл Мишел, двајцата соговорници заеднички констатираа дека лидерството и реформски определената Влада на Република Македонија, ја донесоа неусловената препорака на Европската Комисија за старт на преговорите со ЕУ, и со тоа е постигнат чекор повеќе на патот кон евро-атлантските интеграции.

Премиерот Заев го информираше неговиот белгиски колега дека реформите во Република Македонија продолжуваат со засилено темпо, и дека очекува тоа да биде препознаено од Европската Унија и од секоја земја членка и да се преточи во нова остварена одредница со утврдување на датум за почеток на преговорите кој се очекува како одлука на Советот на Европската Унија во јуни.

На двете средби, со естонскиот и со белгискиот премиер, Претседателот на Владата на Република Македонија Заев, ги запозна своите колеги со актуелниот политички миг во земјата и за текот на разговорите за прашањето со проблемот што Република Грција го има со уставното име на нашата земја.

Премиерот Заев побара поддршка од Естонија и Кралството Белгија во пресрет на јунскиот самит на Европскиот Совет на ЕУ, и истакна дека очекуваниот датум за преговори за Република Македонија ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот, и ќе го поттикне инволвирањето на трети страни во регионот.

Премиерите на Естонија Ратас и на Кралството Белгија Мишел, на двете одделни средби, изразија надеж дека во претстојниот период Република Македонија ќе добие конктретна поддршка за постигнатите остварувања на патот до членството во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски