Средби на министерот Попоски на маргините на Конференцијата во Брдо

Од:

На маргините на Конференцијата на земјите-учеснички на Брдо Процесот, министерот Никола Попоски оствари средби со неговите колеги од Словенија, Косово и од Албанија.

За време на разговорот со словенечкиот министер реафирмирани се заемните заложби за натамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес, со акцент на европските и евроатланските интегративни процеси на Република Македонија.

Во оваа смисла е поздравено потпишувањето на меморандумот меѓу двете влади за меѓународна и развојна помош за периодот 2013-2015 година, како потврда за развојната и техничката помош што Словенија и ја дава на Македонија во ЕУ интегративниот процес на земјата.

Министерот Попоски уште еднаш ги подвлече стратешките надворешно-политички приоритети, изразени преку градење и негување на добрососедски односи со сите земји од непосредното и поширокото соседство во регионот.

На одвоените средби со министрите за надворешни работи на Косово и Албанија, министрите изразија задоволство од позитивниот тренд на билатералната соработка, при што се нотирани конкретни иницијативи и предлози со цел целосно искористување на потенцијалите кои се нудат за динамична добрососедска соработка. Констатирана е потребата од унапредување на економската соработка, како и забрзување на реализацијата на тековните проекти од патната инфраструктура и енергетското поврзување.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија