Средби на Груевски со жителите од реканскиот крај

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска го посети реканското село Ростуше по повод отворањето на повеќенаменска спортска сала од проектот на Агенцијата за млади и спорт.

Ростуше е седиште на општината Маврово-Ростуше и центар на реканскиот крај, кој е печалбарски и во изминатите неколку децении од него се отселиле околу 40 отсто од жителите. Тие ги посетуваат родните огништа токму во овој период од годината.

Груевски имаше средби со жителите на Ростуше, а до крајот на денов ќе ги посети и околните села Жировница, Требиште, Скудриње, Јанче, Могорче. Од Ростуше во изјава за медиумите, прати порака до печалбарите дека реканскиот крај се развива.

– Како Влада никогаш не сме го заборавиле, ниту оставиле, ниту потцениле овој крај. Јас сум во некое од овие места секоја или секоја втора година за да разговарам за проблемите. Градоначалникот е многу посветен за да го подобри овој крај, а ние му помагаме колку што можеме и со заеднички напори се обидуваме овие населени места да се развиваат, да одат напред и да станат колку што е можно поквалитетни за живеење, истакна Груевски.

Премиерот соопшти дека покрај спортската сала, во Ростуше наскоро ќе биде готова фасадата и системот за греење во Средното општинско училиште, во кое беа доизградени осум нови простории, а со средства од Светска банка треба да почне целосна реконструкција на водоводот.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on