Средби на Димитриевски во пресрет на Денот на Куманово

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска организираше свечен прием за поранешните градоначалници, претставници на АРМ, СВР Куманово, за припадниците на Сојузот на борците, по повод 11 Ноември, денот на ослободување на градот.

На оваа традиционална средба Димитриевски и поранешните градоначалници, разменија мислења за понатамошниот развој на општината.Тој се заблагодари и на поддршката на претставниците на клучните институции кои дејствуваат во општината. Посебна благодарност изрази и на членовите на Здружението на борците.

– Преземаме обврска оттаму кај што почнавте вие, а продолжија тие кои што беа помлади од вас, денеска ние кои што ги преземаме одговорно да ги вршиме сите овие функции и институции кои што ги претставуваме, да продолжиме во континуитет да се заложиме да создадаме што поголеми и подобри услови за живот на идните генерации во нашата општина . Куманово е најголема општина во Македонија со голем број на граѓани и се соочува со сериозни предизвици, кои заеднички ќе ги надминуваме, изјави Димитриевски.

Тој се осврна и на мултиетничкиот карактер на Куманово и рече дека токму различноста придонесува за подобри услови во општината.

– Сите етнички заедници ги негуваат своите животни принципи, традиција, и во рамки на заемното разбирање ќе продолжиме во духот на нашите претци да градиме поубаво и поупешно Куманово. Можностите се тие, нашата цел е еден ден да Куманово го видиме во рамките на европското семејство, изјави Димитриевски.

Тој се заблагодари на присутните за придонесот кој го дале за општината и државата.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад