• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Средби меѓу полицијата и жителите на Форино, Чегране и Чајле

by А1он09/07/2018 - 15:08157
Share0

Претставници на месните заедници од три гостиварски села Чегране, Форино и Чајле и полицијата, викендов имале средби на кои биле дискутирани заштитата од провални кражби и пукањето на свадбени и други семејни веселби.

Добивај вести на вибер

Во рамките на проектот „Превенција од тешки кражби”, и други планирани активности од областа на јавниот ред и мир на СВР Тетово, полициски службеници одблизу ги запознале претставниците на трите месни заедници и граѓаните како да се заштитат од провални кражби во нивните куќи и како да постапат доколку забележат движење на сомнителни лица, особено во вечерните часови.

– На средбите станало збор и за претстојното доаѓање на времено вработените во странство и организирањето на свадбени и други семејни свечености. Во разговорите е нагласена и потребата да им се укаже на организаторите на вакви свечености поединци да се воздржат од пукање со огнено оружје и од неовластено приредување на огномети, кое претставува законски прекршок, но и кривично дело, зависно од околностите и крајните последици, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој потенцира дека вакви состаноци со раководствата на урбаните и месни заедници од тетовско-гостиварското подрачје, се предвидени и во наредните денови, а нивната цел е да спречат можни несакани појави и проблеми од безбедносна природа и карактер.

mvr

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен