Средбата на раководството на СДСМ со Јацек Мултановски

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска остварија средба со новиот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Тема на средбата беше актуелната политичка ситуација во Македонија.

Полскиот амбасадор, Мултановски, посебно се интересираше за лошата состојба со медиумите во земјава што е познато за меѓународната заедница.

Раководството на СДСМ нагласи дека власта ги крши основните принципи на една демократија, создавајќи медиумски мрак во државата, со тоталната контрола врз најголем дел од медиумите во Македонија.

Претседателот Заев ги објасни петте барања на опозицијата, потенцирајќи дека за СДСМ е клучно обезбедување услови за реализација на слободната волја на граѓаните, од што партијата нема да отстапи.

На средбата се разговараше и за новата Стратегија на СДСМ во чијшто фокус се исклучиво интересите на граѓаните во државава и враќањето на Македонија во нормален колосек со јасни економски и евро – атлантски перспективи.

Полскиот амбасадор го поздрави начинот на збратимување на општина Струмица и полската општина Груец преку невладиниот сектор и изрази надеж дека и останатите општини ќе го следат овој пример.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни