Средба Заев – Жбогар: Гледаме напред, ги поставуваме темелите на обновата!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето оствари средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Од врвен приоритет за Македонија се кредибилни избори на 11 декември и стабилизација на земјата по изборите, нагласено е на средбата.

-Сите напори на СДСМ се насочени кон обезбедување на слободната волја на граѓаните на Македонија. На 11 декември мора да победи и ќе победи Република Македонија. За таа цел се министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ во техничката Влада, за таа цел партијата донесе одлука за тематски Конгрес за отворање простор за широк фронт против режимот. Промените се почнати, СДСМ гледа напред, заедно со граѓаните веќе ги поставува темелите за обнова на Македонија, рече претседателот Заев.

Голем дел од разговорот беше посветен на Програмата на СДСМ со којашто Социјалдемократскиот сојуз економски ќе ги стабилизира семејствата и претпријатијата, ќе обезбеди социјална правда, институции на граѓаните, демократско општество со независно судство и професионални медиуми, практично се она што е наведено како приоритет во Извештајот на Прибе.

На средбата е изразена заедничка согласност дека местото на граѓаните и на Македонија е во Европската унија и во НАТО и дека тој пат може да го трасира само демократска и одговорна Влада избрана на слободни и регуларни избори.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски