Средба Заев – Солендил: Посветени сме на демократизација на Македонија  

Од:

 
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Р.Турција во Македонија, Омур Солендил.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји.

-Посветени сме на демократизација на Република Македонија и дејствуваме во таа насока, да има регуларни избори во декември на коишто ќе биде избрана легитимна демократска влада преку слободно изразување на волјата на гласачите, соопшти претседателот Заев.

На средбата стана збор и за односите меѓу двете земји.

-СДСМ ги поддржува демократските институции. Убедени сме дека е можно интензивирање на економската соработка меѓу двете земји во интерес на граѓаните и на Македонија и на Турција, рече претседателот Заев.

На состанокот претседателот Заев ја нагласи определбата на СДСМ за градењето едно општество во коешто сите граѓани на Р.Македонија ќе имаат еднакви шанси и обврски според Уставот и законите, што е прецизно наведено и во Програмата на СДСМ.

Турскиот амбасадор Солендил го информираше претседателот Заев за развојот на настаните во Турција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски