Средба Заев-Болога: Македонија повторно фактор на стабилност во регионот

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Доина Болога, директорка на Канцеларијата на Фондот за население на ОН (УНФПА) во Скопје, соопшти владината прес-служба.

– Има голема мотивација кај Владата на Македонија за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во сите области, вклучувајќи ја тука социјалната и здравствената заштита, истакнал Заев на средбата.

Премиерот посочил дека Владата е посветена на изградба на општество кое што ќе се грижи за сите граѓани. – Посебна грижа посветуваме на најранливите категории граѓани, кои од финансиски, здравствени или други причини не можат да се грижат за себе, рече премиерот Заев.

– Владата ќе продолжи поактивно да ги поддржува активностите на УНФПА кои можат да придонесат многу во реализацијата на владините определби фокусирани на грижа за секој граѓанин во државата, истакна Заев.

Болога од своја страна наведе дека позитивните промени во Македонија се чувствуваат како во земјата, така и во регионот и светот, се наведува во соопштението.

– Македонија повторно е фактор на стабилност во регионот. Поради тоа веќе ги има првите најави за враќање надворешни донатори што сакаат да ја помогнат работата на Фондот во активностите во Македонија за асистенција и поддршка на одржливи решенија за владините политики за население, истакна Болога.

Болога му честитала на премиерот Заев за конструктивните политики што придонеле за промените во земјата и изразила отвореност за интензивирање на соработката на УНФПА со Владата, во делот на финансиска, техничка и советодавна поддршка за заштитата на репродуктивното здравје кај граѓаните, вклучувајќи ги тука посебно младите, човековите права, заштитата од семејно насилство, справувањето со сиромаштија, креирање одржливи политики преку законските и административните решенија, се наведува во соопштението.

Претставниците на УНФПА ги поздравиле отворените и интеграциски политики на Владата со што се создаваат услови за вклучување на сите фактори во општеството во креирањето одржливи решенија за населението.

Заеднички е констатирано дека е важна заштитата на правото на секој за организација на семејството, но дека е многу важна улогата на Владата и на државните институции кои во соработка со релевантни организации, како што е Фондот за население на ОН ги создаваат условите на информираност, заштита, интеграција, функционирање во општеството.

На средбата денеска се разговараше и за можноста за поддршка на УНФПА на неколку конкретни проекти во делот на контрацепцијата, гинеколошка зравствена заштита, социјална заштита на стари лица, а беа разгледани и областите во коишто помошта од Фондот за население на ОН може да биде најкорисна.

На средбата присуствувале и замениците министри за труд и социјална политика Елми Азири и за здравство Горан Чакароски, наведува владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски