Средба Заев-Безак: Отворени се перспективи за граѓаните и за Република Македонија, ќе се интензивира соработката меѓу Македонија и Словачка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска сретна со Мартин Безак, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, чијшто мандат завршува во земјава.

Премиерот Заев изрази голема благодарност до амбасадорот во заминување, Безак, за заложбите и придонесот на Република Словачка, но и личните заложби и придонес на амбасадорот, за демократските процеси во Македонија, во остварувањето на евро-интеграциските цели на државата, за пријателството кон граѓаните на Македонија и на државата, секогаш изразени на принципиелен начин.

Амбасадорот Безак изрази задоволство што ја напушта Македонија во подобри услови од оние кои ги затекнал во државата пред четири години кога стапил на должноста амбасадор во Македонија, како и дека гледа отворени перспективи за граѓаните и за Република Македонија.

-Огромната поддршка од граѓаните е голема чест и обврска за новата Влада на Република Македонија да обезбеди квалитетен живот за сите, да ја развива Македонија во современа и модерна држава, дел од Европската унија и од НАТО. Посветени сме на потребните реформски процеси, градиме пријателства во регионот и со светот, и ценам дека се реални нашите очекувања за придвижувања и на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО, рече премиерот Заев.

На средбата беше констатирано дека Република Македонија и Република Словачка се пријателски држави, постои соработка во областа на економијата, културата, безбедноста и тоа е добра основа за интензивирање на соработката и во овие и во други области од интерес за граѓаните на двете земји.

Амбасадорот Безак соопшти дека Република Словачка останува поддржувач на Република Македонија во остварувањето на стратешките цели, а премиерот Заев, во име на граѓаните и на Владата на Република Македонија се заблагодари и на словачкиот амбасадор Мартин Безак, и на Република Словачка за искреното и конструктивно пријателство.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов