Средба во Ректоратот на УКИМ за Законот високото образование

Од:

Во Ректоратот на Скопскиот универзитет денеска од 14 часот е закажана втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни – Универзитетот, Владата и МОН, и пленумите на студентите и професорите.

На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, и од Министерството за образование и наука, за 30 дена да изготват анализа за состојбите и врз основа на неа да се дефинира концепт за изработка на законски текст за високото образование.

Министерот Абдилаќим Адеми вчера во изјава за медиумите не прецизираше дали во концептот ќе остане како идеја државен испит.

– Во овој момент не би сакал да навлегувам во суштината на концептот, затоа што тоа ќе треба да го подготват работните групи. За мене, како министер, и за Владата, е многу битно што веќе има конструктивен дијалог меѓу сите засегнати страни во високото образование, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски