Средба Величковски – Река

Од:

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски денес во Скопје се сретна со амбасадорот на Република,Албанија, Фатос Река.

На средбата соговорниците ја разгледаа тековната политичка состојба. Оценувајќи ја нејзината комплексност, претседателот Ивон Величковски нотираше дека е потребна воздржаност при нејзиното коментирање од политичарите од соседството.

– Еднаква е обврската на сите политички сили во Македонија да се надмине кризата без притоа да се доведуваат во прашање темелните вредности на Уставот, и да се унапредуваат правата и слободите на човекот и граѓанинот, како и колективните права на заедниците согласно Уставот и Рамковниот договор. Либералната партија потсетува дека секоја денешна изјава може да се одрази и на добрососедските односи на Македонија, но и на внатрешните односи во земјата – потенцираше Величковски.

Потсетувајќи дека за Либералната партија, евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и граѓанинот, и борбата со криминалот и корупцијата, Величковски нагласи:

– Нема владеење на правото, доколку се прекршуваат основните начела на конституирање на власта која ја одразува волјата на граѓаните, што сега е дефинирана низ декларирано парламентарно мнозинство.

– Затоа, за да се надминат предрасудите, потребно е покрај Заедничката Изјава на партиите на Албанците од Македонија да се објави и договореното меѓу идните владини партнери. Тоа е најдобриот начин денес да се надминат предрасудите и да се спречи говорот на омразата и од меѓуетнички – да се посветиме на вистинските прашања – на лоцирање на одговорноста за прекршувањето на законите и за закочувањето на политичкиот процес во изминатите години – оцени претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски на средбата со амбасадорот на Албанија, Фатос Река.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска