Средба Спасовски-Дуџак: Државата добро се справува со ситуацијата со коронавирусот, ОН се подготвени да дадат поддршка

Од:

Премиерот Оливер Спасовски и постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Росана Дуџак на денешната средба разговарале за мерките што ги презема Владата за справување со ситуацијата со коронавирусот и е оценето дека државата го презема потребното за заштита на јавното здравје.

Како што се наведува во соопштението, пренесено е дека ОН се подготвени да дадат поддршка на нашата држава, таму каде ќе се процени дека е важно.

-Во справување со пандемијата од вирусот COVID-19, во забрзување на економското опоравување на земјата, во спроведување на реформите на патот кон членство во Европската унија, семејството на Обединетите нации е подготвено да даде поддршка на Владата и на граѓаните на Северна Македонија, соопшти Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија.

Таа го изнесе ставот на ОН дека „заедно сме во овој процес и заедничка е обврската да работиме во интерес на сите граѓани на земјата, за во духот на Агендата за одржлив развој, никој да не заостане.”

Спасовски се заблагодарил за континуираната добра соработка на нашата држава со ОН и со канцеларијата во Скопје.

-Сите капацитети и ресурси, како држава, ќе ги насочиме, да излеземе победници во оваа битка. Нашиот врвен приоритет е да го заштитиме здравјето на граѓаните и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем. За таа цел напорите се фокусирани кон целосна поддршка на медицинскиот персонал, кон добрата организација, за што е формиран и Главен координативен штаб каде се споделуваат потребните информации од надлежните институции и се разгледуваат искуствата од државите во светот, со цел ефикасни владини одлуки и кон добар третман на луѓето носители на вирусот. Важно е и одржувањето на економијата. Затоа, сите мерки што ги носиме се кон реализацијата на овие две цели. Ги покренавме внатрешните капацитети, а секако дека е добредојдена и помошта од нашите пријатели од надвор, за што сме благодарни, на ЕУ, на другите земји со коишто е воспоставена соработката и секако тука изразувам благодарност и на ОН, рече премиерот Спасовски.

На состанокот беше разговарано за помошта и поддршката што се важни за непречена работа на полицијата и на другите служби, вклучени во справувањето со ситуацијата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски