Средба Попоски – Заоралек

Од:

Република Чешка и дава континуирана и принципиелна поддршка на Република Македонија во поглед на зачленувањето во ЕУ и НАТО, констатирале на денешната средба во Прага шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и неговиот чешки колега министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек.

– Министерот Заоралек ја потврди чешката поддршка за што поскоро и безусловно отпочнување на пристапните преговори на ЕУ со Македонија според веќе применетиот пристап на паралелно одвивање на преговорите за членство во ЕУ и надминување на билатералната разлика со земја-членка, истакнал Заоралек, соопшти МНР.

Министерот Попоски на средбата, се наведува, ја претстави актуелната македонска политика во спроведувањето на реформските процеси за достигнување на неопходните политички и економски стандарди, со цел да се зголеми македонската подготвеност за пристапување кон евро-атлантските институции, нагласувајќи ја важноста на евроинтеграцијата и помирувањето на целиот Балкан како нераскинливо поврзани процеси.

Двајцата министри изразија взаемно задоволство од нагорниот тренд во развојот на севкупните билатерални односи во изминатите 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, а ги разгледаа и модалитетите за зајакнување на традиционалните партнерски и пријателски врски меѓу двете земји и двата народа.

Во тој контекст, двајцата ја потенцирале заемната посветеност за нивно натамошно продлабочување и унапредување, пред се во делот на економско – трговската соработка, културната, здравствената, како и соработката во областа на образованието и во рамките на регионалните иницијативи.

Како мошне важен чекор, кој може да придонесе во натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете земји, тие го оценија потпишувањето на Меморандот за разбирање и соработка помеѓу Центарот за управување со кризи на Република Македонија и Службата за пожари и спасување на Чешката Република, како и помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Универзитетската болница Мотол од Прага.

На средбата стана збор и за актуелната состојба во регионот на Балканот, европскиот континент, и светот воопшто, се вели во соопштението од МНР.

Министерот Попоски е дел од македонската делегација која престојува во Прага во рамките на официјалната посета на премиерот Никола Груевски на Чешката Република.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски