Средба Османи – Секуловиќ: Претстои интензивирање на регионалната соработка за што очекувам поддршка од РеСПА

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со директорката на Меѓународна организација за зајакнување на регионалната соработка во областа на јавната администрација во Западен Балкан (РеСПА), Ратка Секуловиќ.

На средбата Османи ја истакна исклучително важната улога на РеСПА во претстојниот период, кои, покрај стандардната подготовка на администрацијата во процесот на Стабилизација и Асоцијација, во моментов имаат и важна улога во асистирање на земјите од Западниот Балкан во нивната подготовка за имплементацијата на шесте иницијативи на Европската Комисија, неодамна објавени во анексот на Стратегијата за проширување 20-25.

„Очекувам силна поддршка од РеСПА, особено во рамките на соработката со Секретаријатот за европски прашања, како носечко тело за координирање на процесите врзани за иницијативите од Стратегијата на Европската комисија“ истакна Османи.

Во продолжение, Османи информираше и за очекувањата на Македонија од априлскиот извештај, посочувајќи ги нашите аспирации за чиста препорака од страна на Комисијата, но и одлука за почеток на преговорите од страна на Европскиот совет во јуни.

„Македонија се надева на почеток на преговори за полноправно членство во Европската унија, што претставува голем предизвик за нашата администрација, и за што очекуваме поддршка и помош од услугите и платформата за размена која ја нуди РеСПА“, истакна Османи.

РеСПА претставува проект финансиран од Европската Унија, чие воспоставување има за цел поддршка во креирањето на одговорни, ефикасни и професионални системи за јавна администрација во земјите од Западниот Балкан на нивниот пат кон пристапот во ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски