Средба Османи – Јоксимовиќ: Време е за помирување на народите на Балканот

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Србија оствари средба со Министерката за европски интеграции на Република Србија, Јадранка Јоксимовиќ.

На средбата беше дискутиран напредокот на односите меѓу двете земји, како и предизвиците со кои двете земји се соочуваат при приближувањето кон Европската Унија.

„Ни претстои исклучително важен, може да се рече историски период од аспект на европските интеграции на двете земји. За безмалку две недели во Брисел ќе излезе Стратегијата за проширување на Европската Комисија, каде се надеваме на првите сигнали во насока на европскиот оптимизам од страна на Брисел за процесот на проширување. Во наредните месеци ги очекуваме и Извештаите за напредокот на земјите од страна на Европската Комисија, по што, во мај следува Самитот за проширување на Европската Унија во Софија“, истакна Османи.

На средбата беше потенциран новиот моментум во кој се наоѓаат земјите од Западен Балкан, кој беше оценет како историска шанса за помирување на народите на Балканот и затворање на сите отворени прашањата, а во интерес на севкупната интеграција на Балканот во современите цивилизациските текови на Европа.

„Како претставници избрани од граѓаните да го предводиме овој процес, имаме обврска да не ја пропуштиме оваа можност, напротив, на секој можен начин да ја искористиме оваа шанса, и да покажеме дека и земјите од Западниот Балкан се европски земји; дека и земјите од Западниот Балкан можат да бидат дел од решението, а не дел од проблемот и дека оваа наша определба не е само декларативна туку и суштинска“, додаде Османи на средбата.

Покрај средбата со Министерката Јоксимовиќ, во рамките на посетата на Белград Вицепремиерот Османи оствари средби и со Претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот, Ненад Чанак како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ на Република Србија, Наташа Драгојловиќ.

Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна на почетокот на месецов со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград ќе продолжи и со посета на Софија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски