Средба Османи – Генчовска: Остра осуда за инцидентот во Битола

Од:

Министерот Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска заедно со тимовите на министерствата за надворешни работи денес одржаа работна средба како дел од дводневната работна посета во Северна Македонија.

Како што информираат од МНР, разговорите протекле во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.

„Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање на взаемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија.

За време на средбата заеднички беше остро осуден инцидентот во Битола. Двете министерства ќе продлжат да наоѓаат взаемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји“, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија