Средба Османи – Дуџак: Продолжуваме со активен мониторинг на реформите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак.

Главна тема на средбата беше подготовката на новата Рамка за поддршка на развојот за земјата, чија цел е да обезбеди евиденција за напредокот во спроведувањето на реформите кои се предвидени со програмата на Владата, како и да обезбеди мерливи показатели за тоа што е постигнато и што треба да се направи како следни чекори.

„Секретаријатот за европски прашања ја води Рамката за оценување на напредокот (ПАФ), и досега бележиме голем напредок откако повторно ги воспоставивме Секторските работни групи во 2017 година, и во оваа смисла секторскиот дијалог за политики во рамките на ПАФ може да го сметаме за успешна приказна во 2019 година“, посочи Османи, додавајќи дека земјата продолжува со спроведување реформи за европска интеграција, за целосна хармонизација и усогласување со европските правила и стандарди.

Во продолжение на состанокот беа отворени и темите поврзани со постигнувањето на Целите за одржлив развој, поддршката од ОН за процесот на демократизација на државата, како и за поддршката во позначајни области за граѓаните, особено во делот на заштитата на животната средина, со цел дополнително јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски