Средба Османи-Брглез: Се разгледувала македонско-словенечката соработка

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со претседателот на државниот збор на Словенија, Милан Брглез, кој е во еднодневна работна посета на Македонија.

На средбата, како што соопштија од Секторот за европски прашања, се разговарало за билатералната соработка меѓу двете земји која успешно се одвива уште од 2004 година, а биле разгледани и можностите за нејзино унапредување во претстојниот период.

Вицепремиерот Османи изразил задоволство од досега постигнатото во спроведувањето на проекти што се реализирани како помош од Словенија, и нагласи дека Словенија како близок партнер на Македонија е поддржувач на процесот на европска интеграција.

– Република Македонија се наоѓа во еден специфичен момент на откочување на евроинтегративните процеси и поддршката која доаѓа од нашите земји-пријатели внатре во унијата е од исклучително големо значење, истакнал Османи на средбата.

Тој додал дека традиционално блиските релации меѓу двете земји претставуваат дополнителен потенцијал во насока на продлабочување на билатералните односи и во таа смисла Македонија на Словенија гледа како на земја – пријател внатре во Европската Унија.

Во продолжение, вицепремиерот Османи се осврнал и на билатералната помош што од Словенија доаѓа во Македонија, а која се состои од изградба на училишта, поддршка за изградба на водоводи, електронско поврзување на општините и друга помош која директно ги таргетира локалните самоуправи.

– Развојната помош од Словенија е флексибилна и ориентирана кон резултати и затоа има висока исполнителност и ефикасност, истакнал вицепремиерот Османи, заблагодарувајќи му се на Брглез за континуираната билатерална поддршка.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски