Средба Оливер Спасовски – Елен Шустик

Од:

Претставничката на ОБСЕ/ОДИХР, Елен Шустик, на денешната средба со генералниот секретар, Оливер Спасовски, повика СДСМ да ги евидентира и документира сите докази за изборни нерегуларности и да ги достави како до надлежните институции во Македонија, така и до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Со внимание следиме што се случува за време на кампањата и изборите, рече претставничката на ОБСЕ/ОДИХР.

Таа сакаше да слушне изворно за оценката на СДСМ за досегашниот тек на кампањата и за искуствата на СДСМ во изборниот процес.

Генерачниот секретар Спасовски информираше за забележителен притисокот врз гласачите од страна на владеачката партија, ВМРО ДПМНЕ, којашто ги користи државните институции за поткуп, уцени и корупција на гласачите.

Актуелните функционери кои се носители на листи, министерствата на чиешто чело се 8 години, се претворени во штабови и државните ресурси употребуваат за изборна кампања. Со тоа не се почитува една од основните препораки на ОБСЕ/ОДИХР за одвојување на партијата од државата, што е нотирано и во извештајот на набљудувачката мисија.

Претставичката на ОБСЕ/ОДИХР се интересираше и за однесувањето на медиумите кон учесниците во изборниот процес.

Генералниот секретар на СДСМ како највпечатлив пример за селективното известување на најголемиот дел од медиумите, вклучително и на националниот сервис, МРТВ, го предочи игнорирањето на прес конференнциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на коишто се изнесуваат информации за коруптивен скандал во којшто е инволвиран директно премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати